TED, конференција чие мото е „идеи вредни за споделување“, ја објави листата на најгледаните говори на сите времиња. Од сите неверојатни инспиративни говори од конференцијата најмногу внимание привлече Сир Кен Робинсон кој зборуваше како училиштата ја убиваат креативноста. Неговиот говор е прегледан над 13 милиони пати на TED.com, YouTube, iTunes и други видео сајтови.;
Целата листа од 20-те најпопуларни видеа ќе ја најдете подоле, но би било штета да ги издвоиме само овие говори и да застанеме тука. ТЕD беше и продолжува да биде домаќин на неверојатни луѓе со неверојатни идеи кои не треба да ги пропуштите. Знаете што? Можеби треба да го букмаркирате сајтот за да можете секој ден да гледате по некое видео, вклучувајќи ги и тие од TEDxSkopje.
- Сир Кевин Робинсон вели дека училиштата ја убија креативноста (2006): 13.409.417 прегледи;
- Џим Болте Тејлор зборува за инспирацијата од мозочен удар (2008): 10.409.851;
- Пранав Мистри за неверојатниот потенцијал на шестото сетило (2009): 9.223.263;
- Дејвид Гало за изненадувањата под вода (2007): 7.879.541;
- Пати Мес и Пранав Мистри го демонстрираат Шестото сетило (2009): 7.467.580;
- Тони Робинсон прашува зошто го правиме тоа што го правиме? (2006): 6.879.488;
- Симон Синок за како големите лидери инспирираат акција (2010): 6.050.294;
- Стив Џобс за како да живеете пред да умрете (2005): 5.444.022;
- Ханс Рослинг ги прикажува најдобрите податоци какви никогаш не сте виделе (2006): 4.966.643;
- Брин Браун зборува за моќта на ранливоста (2010): 4.763.038;
- Даниел Пинк за изненадувачката наука на мотивацијата (2009): 4.706.241;
- Артур Бенџамин покажува математска магија (2005): 4.658.425;
- Елизабет Гилберт зборува за охрабрување на генијалноста (2009): 4.538.037;
- Ден Гилберт прашува зошто сме среќни? (2004): 4.269.082;
- Стивен Хокинг прашува големи прашања за Универзумот (2008): 4.153.105;
- Џеф Хан го претставува екранот на повеќе допири (2006): 3.891.251;
- Џони Ли покажува далечински хакови на Wii за учители (2008): 3.869.417;
- Кит Бери демонстрира магија на мозокот (2004): 3.847.893;
- Мери Роуч зборува за 10-те нешта кои не ги знаеме за оргазмот (2009): 3.810.630;
- Виџај Кумар ги претставува роботите кои летаат како птици (2012): 3.535.340.