Прегледувајте и средувајте фотографии со Picture Window Pro 8

Picture Window Pro 8 e целосно бесплатен програм за прегледување и уредување фотографии, не само за лични, туку и за комерцијални цели.

Програмот е следниот еволутивен чекор и органска надградба на сега-неподржаниот Picture Window Pro 7. Се работи за алатка со интерфејс кој, според многу корисници, бара одредено време за навикнување. Имено, само дел од алатките се распространети на горната страна од екранот, а останатиот дел се наоѓа преку посебна мени лента. Згора на тоа, сликата на која моментно работите се наоѓа во засебен прозорец на десната страна, додека на левата имате мини приказ од сите претходно-отворени фотографии, систем кој е замислен за побрзо префрлување од една на друга фотографија. Благодарение на ова, секоја промена која ќе ја направите на фотографијата, ќе биде евидентирана и со копија од истата фотографија, но во состојба пред имплементација на нешто ново. На овој начин, добивате корисен увид за развивањето на фотографијата и лесен начин за враќање еден, или неколку, чекори назад.

Сите промени што ќе ги направите на фотографијата, ќе можат да бидат поништени, дури и откако ќе ја сочувате финалната фотографија.

За понатамошно доработка на фотографиите, можете да влечете плагини од Nik, Topaz, или DxO. На располагање имате бројни алатки за трансформирање на вашите омилени фотоградии. Сите алатки се уредно подредени во соодветни категории, како Blur, Colour, Geometry, Gradient, Sharpen, Special Effects и Tools. Последната категорија особено не импресионира со можностите за клонирање и отстранување црвени очи.

Како дополнителен бонус, со Picture Window Pro 8 можете да вметнувате рамки, филтри, и маски, како и да ја споделувате вашата финална верзија на фотографијата со оригиналната.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments