Роботот „Spot“ на Boston Dynamics си најде работа во полиција

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Одредот за демонтирање на експлозивни направи на полицијата од Масачусетс од месец април, неколку месеци го изнајмуваше роботот Spot од Boston Dynamics, вели радио-станицата  WBUR.

Ова е прва полиција која го користи „кучето робот“, а роботот е користен како подвижен уред за надгледување од далечина. Со него полицијата се приближувала и надгледувала сомнителни уреди и локации. Полицијата покрај тренинг на двапати го користела роботот и на терен. Во текот на овие две акции со Spot дошла до слики од сомнителни уреди и била надгледувана локација на која се криеле осомничени. Веројатно она што повеќе не интересира е прашањето на кое нема да добиеме одговор, а тоа е „Дали Spot во овие ситуации бил автономен или бил управуван од оператор?“.

Boston Dynamic е период во кој го нуди роботот на продажба и ќе биде интересно да видиме колку области на примена ќе успее да пронајде компанијата. Иако роботот има отворен софтвер кој може да за еменува во зависност на потребните на клиентот, производителот и креаторите на роботот нема да дозволат вооружување на роботот и негово користење за напад на луѓе. Компанијата јасно им го става ова на знаење на сите потенцијални клиенти.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Но, Spot не е задоволен да си ги вмеша шепите само во полициски работи, па овојпат реши да гради кариера и на платформи за […]

ит кариера

Singular

Team Lead

МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје Виена Иншуренс Груп

Оглас за вработување на ORACLE DBA

види ги сите огласи на kariera.it.mk