Купувачите полудеа по Tesla Cybertruck

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Само за еден ден по најавата на новиот футуристички пикаап Tesla Cybertruck доби нарачки за 146 000 возила. За нарачка е потребен депозит од 100 долари, значително пониска цена од претходни 1 000.

Единствено од продажбата на овие камиони, без никаква дополнителна опрема Tesla ќе заработи околу 8,2 милијарди долари. Сајбер пикапот доаѓа во три различни модели: со 1, 2 и 3 мотори.  Распределбата на нарачките е следна:

  • Tesla Cybertruck RWD: 24,820 преднарачки
  • Tesla Cybertruck Dual Motor AWD: 61,320 резервации
  • Tesla Cybertruck Tri Motor AWD: 59,860 резервации

Иако изгелдот на пикапот ги подели луѓето, па дел го обожуваат, а за дел е смешен, сепак кога спецификациите се во прашање сите имаат пофални зборови. Основниот модел со еден мотор чини 39 900 долари, со едно полнење на батериите може да помине 400 километри; до 100 километри на час забрзува за 6,5 секунди и може да транспортира 3,4 тона. Моделот со два мотори чини 49 000 долари, до 100 километри на час забрзува за 4,5 секунди; може да вози 480 километри со едно полнење и да пренесе до 4,5 тони. Најмоќниот модел чини 70 000  долари, до 100 километри на час забрзува за 3 секунди; со едно полнење може да помине 800 километри и има носивост до 6,3 тона.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments