Oд голот на Шакири до мултиплеер FPS, eве неколку заразни игри за iPhone

Да не се лажеме, мoќниот процесор на iPhone и iPad, помоќен и од постар десктоп компјутер, не е наменет да гледаме слики на Facebook, туку за играње на се позабавните, поубавите и позаразните игри направени за мобилната платформа. Во моментов на Apple App Store од 870.000 апликации, околу 150.000 се видео игри, според 148apps. Ова е неверојатно голем број на игри, и иако поголемиот број се досадни, сепак има игри кои се навистина фантастични и вредни да ги споменеме и препорачаме за сите iPhone и iPad корисници. Сите игри подолу се достапни на македонскиот App Store, a некои од игрите се достапни и за Android. Секако доколку имате предлози, слободно споделете ги.

Да почнеме со легендарниот гол на нашиот Артим Шакири против Англија. Се работи за фудбалската игра Score! World Goals на First Touch со која треба да ги симулирате познатите голови, пример голот на Артим Шакири од корнер против Англија на Вембли, голот на Дрогба во финалето на Лигата на Шампиони против Баерн, неверојатниот гол на Торес против Блекбурн, голови на Југославија и други историски мечеви… има над стотина неверојатни акции и голови. Играта е стара, но од неодамна има нова верзија во која се додадени нови лиги, мултиплеер опција, дневни голови и поени со кои може да отклучите неколку лиги. First Touch имаат и oдлична фудбалска симулација Dream League, но ова е препорачлива само за iPad поради поголемиот екран.

Dots за iPhone е апсолутно заразна игра во која спојувате точки. Само точки. Со часови и часови. Целта е да ги споите точките за повеќе поени од вашите пријатели и да се пофалите со победата на Facebook! Играта е прекрасно дизајнирана со одлични звучни ефекти, а тоа што е заразно се коцките кои ги правите за да ги уништите точките со иста боја. За да ви се олесни работата имате три корисни опции кои се купуваат со точки, пример да ги успорите времето за 5 секунди, да избришете точка или да ги избришете сите точки од една боја.

Blitz Brigade e онлајн мултиплеер FPS игра која потсетува на Team Fortress 2. За тие што не се запознаени со TF2, краткото објаснување за Blitz Brigade e дека е игра налик на Counter-Strike, но за мобилен, и во малку комична средина. Вие сте еден од петте војници во еден од двата тима со по шест играчи, а вашата задача е едноставна – победи ги другите. Играта е апсолутно забавна до толку што после некое време ќе се најдете на сред соба каде се вртите лево-десно за да го нанишаните противникот. Дефинитивно треба да се игра на поширок простор. Достапна е и за Android.

[youtube]ldnBVsqgjv8[/youtube]

За крај ќе предложиме една аркадна игра за постарите гејмери кои се носталгични по игрите од 90-тите. Се работи за Cube Runner која е едноставна и забавна аркадна игра и покрај тоа што има 8-битна музика и графика од пред 15 години.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Rihan
Rihan
13 years ago

Bi gi dodal i ovie: Football Kicks, Tapups Lite, Temple Run 2, Subway Surf, Fruit Ninja, SkiJump Pro, CSR Racing, Trucker…