Предизвиците на онлајн едукацијата во Македонија

Нешто повеќе од две недели како учениците не се зад училишните клупи. Пандемијата на COVID-19 која го зафати светот со сигурност започна да се шири и низ нашата држава со потврдени 177 заболени. Стагнација на образованието и интелектуалната надградба, меѓутоа, треба да биде сведена на минимум независно од тековната криза. Поради тоа, се донесоа мерки за вршење онлајн образование. На самите училиштата е оставено да ги откријат најдобрите начини за едуцирање, надгледување и оценување на учениците.

Ова воопшто нема да биде лесно, а предизвиците се зголемуваат со секое понатамошно вложување напори. Повеќето наставници се залагаат онлајн образованието да покрива три клучни аспекти:

  • предавање,
  • домашно и
  • оценување.

Иако мислењата за држење онлајн часови со соодветни алатки се поделени, кај одредени училишта се фаворизира Zoom или Skype Meet Now (за часови) и ClassDojo (за домашна и оценување). Одредени наставници самоиницијативно имаат создадено Facebook групи и, од таму, даваат на учениците инструкции и домашно. Во меѓувреме, Министерството за образование и наука активира одредени наставници да посетуваат онлајн обука за користење Microsoft Teams, апликација која се користи за конференции низ светот, а може да послужи и за спроведување часови.

Пречките се јавуваат кога ваквиот план почнува да добива практична изведба.

ТЕОРИЈА vs. ПРАКСА

Дел од оние наставници кои работат преку Facebook групи, или не сакаат да ги менуваат нивните методи или не знаат како да применат некоја друга платформа и со тоа додаваат отпор. Предизвикот, особено кај постарите наставници, се гледа во запознавање со апликациите, правење дигитални училници, вмрежување на учениците, држење ефикасен час, доделување домашна, нивно прегледување и подготвување соодветна повратна информација, врз основа на која треба да се даде објективна оценка, практично недостигот на дигитална писменост е видно забележлив кај оваа група.

Училниците во екот на пандемијата со COVID-19 остануваат празни
Училниците во екот на пандемијата со COVID-19 остануваат празни

Предизвици има и кај учениците. Многу од нив немаат никаков дигитален отпечаток, дали поради немање интернет и ограничен пристап до хардвер и со тоа немаат основни услови за слушање настава во домашни услови. Поради тоа, многу училишта, со кои стапивме во контакт, ги немаат потребните податоци од учениците за да можат да направат онлајн вмрежување со целото одделение. Наместо формирање група од дваесеттина ученици, многу наставници едвај успеваат да соберат десетмина. Во таа ситуација, се размислува на индивидуално вртење на родителите на телефон и замолување нивните деца да се приклучат кон групата.

Има и од оние ученици кои еднаш се вмрежиле во конференциска група, и потоа одбиваат да следат онлајн час и се кријат под планина од изговори. Многу од родителите, пак, не сакаат ваква форма на образование, објаснувајќи дека немаат лаптоп, или телефон, или основни услови за ефикасно следење настава во домашни услови. Ваквото нешто се чини пофрустрирачко кај помладите групи од ученици кои се лишени од знаење за ефикасно следење и бараат дополнително ангажирање од нивните родители.

Поради сите овие причини, наша груба проценка е дека голем број на ученици нема да можат да следат онлајн предавања и да бидат ефикасно вклучени во сите интеракции кои се неопходни за квалитетно впивање знаење. Тие што можат да следат, често се жалат на бројни шумови и прекини, предизвикани од лошата конекција, слабата брзина, лоши микрофони и камери, или комбинација од сево ова. Пречки од овој калибар стануваат значително понагласени кога на групата ќе се приклучат повеќе лица.

Постојат неколку можни решенија, но нивните најголеми непријатели се немање доволно време и лошата социјална и економска состојба.

МОЖНИ РЕШЕНИЈА

Првин, се чини дека е неопходно наставниците да бидат правилно мотивирани, запознаени и едуцирани, па потоа да се направи целосен фокус на учениците и родителите.

Избирање една универзална алатка за држење часови, како Microsoft Teams, се чини како дискутабилна стратегија со оглед на времето и условите. Со сите наставници што разговаравме, никој немаше слушнато ниту за Microsoft Teams, ниту за Zoom, а многумина веднаш почнаа да негодуваат кога се потрудивме да им објасниме како функционираат. Кога ќе се земе во предвид недостатокот на време во овие услови и итноста, се чини дека најдобро би било секој наставник да ги користи оние алатки кои најдобро ги владее. Оние наставници кои, од х причини, не се чувствуваат способно за држење онлајн настава, би можеле целосно да се фокусираат на давање писмени инструкции, тесно врзани со темите од книгите и материјалите.

Во меѓувреме, наставниците можат да споделуваат линкови од претходно изготвени и поставени предавања од други наставници на еУчилницата Едуино – најновата платформа на владата која започна со функционирање од денес, а нуди видео настава и активности за учење преку игра, но не и SSL конекција и добро корисничко искуство, бидејќи дел од материјалите се сервираат во PDF.

Приказ на PDF-от кој содржи информации за предметот Македонски јазик за I одделение

Понатаму, доколку е неизводливо домашните задачи да се даваат преку Class Dojo, нека се даваат преку FB групата и, од таму, да се прегледуваат, а надгледувањето и оценувањето, место со дигитални поени, може да биде преку стандардни чек листи.

Но, и понатаму останува прашањето како правилно да се мотивираат учениците?

ClassDojo е одлична алатка, користена во повеќе од 180 земји и на 35 јазици, особено во САД каде што се користи како апликација во 95% од случаите во основото образование. Алатката се одликува со флексибилни можности за негување натпреварувачки дух преку доделување позитивни и негативни поени. Оној ученик кој има највеќе позитивни поени може да добие посебен сертификат или овластувања. Паралелно со ова, потребно е разбирање од родителите и нивна желба не само да ги охрабруваат децата туку и да им пружат соодветни услови за гледање едукативни содржини на телевизијата и максимално користење на ресурсите од еУчилницата. Наставниците, пак, мора да внимаваат за тоа какви инструкции даваат и да бидат сигурни дека можат правилно да бидат разберени од учениците, особено од помладите. Во поглед на домашното, треба да се гледа на квалитет, а не на квантитет и да се користат што е можно повеќе веб ресурси наместо сувопарни инструкции од типот: препиши ова толку пати и сликај ми да проверам.

Иако реалноста е таа и за жал целиот сегашен процес е полн со компликации и предизвици, желбата да се направи нешто на оваа поле е за поздрав и несомнено по надминување на кризата со COVID-19 треба да се сработи концепт за воведување и стандардизирање на можноста за е-учење и да се обучат како и наставниците така и самите родители. За моменталната ситуација да профункционира учениците, родителите и наставниците како три клучни запчаници кои ја покренуваат целата машинерија за дигитално учење од дома треба да се свесни за условите и моменталната импровизација, како и да ја разберат добрата волја зад оваа идеја и да ја охрабрат истата. Во спротивно, се плашиме дека резултатите од целиот овој подвиг нема да вродат позитивни плодови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

За пандемијата на коронавирусот COVID-19

Ажурирано на 25/03/2020

Што е коронавирусот COVID-19?

COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.

Колку е заразен вирусот?

Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.

Каде е проширен вирусот?

Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.

Кои се симптомите?

За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.

Како да се заштитам себеси и другите?

Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.

Каде да се информирам повеќе?

Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:

- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

Прочитај повеќе
види ги сите огласи на kariera.it.mk