0 коментари 1 мин. читање

Нов безбедносен пропуст во Windows

Microsoft објави дека е пронајден нов безбедносен пропуст во Windows. Напаѓачите со користење на пропустот може да активираат малициозен код на компјутерот на жртвата. Овој пропуст постои на сите верзии на Windows иако е ограничен на Windows 10.

Со оглед на тоа дека пропустот е активен, нема премногу детални за целиот процес. Пропустот е во начинот на кој оперативниот систем ги рендерира фонтовите и тоа се однесува на начинот Adobe Type Manager Library работи со „специјано-изработен мулти-мастер фонт“ Adobe Type 1 PostScript.

Пропустот е отворен е најопасен за корисниците на Windows 7 за кои не е предвидена безбедносна закрпа. Единствено корисниците на Enterprise верзијата ќе добијат надградба на оперативниот систем.

Она што е загрижувачко е што Microsoft веќе има сознанија за мал број напади кои преку овој пропуст напаѓаат одбрани цели.

Надградбата е најавена за 14 април, а за корисниците на зафатените оперативни системи на страницата на Microsoft веќе има совети за чекорите кои треба да ги направите за да бидете безбедни.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top