0 коментари 2 мин. читање 6 февруари, 2014

Собранието ќе се активира на Facebook и Twitter

Македонското Собрание наскоро ќе добие Facebook и Twitter профил за подобро информирање на граѓаните. Најпрво профилите на Собранието да бидат администрирани од Одделението за информирање, за потоа да бидат поврзани со е-Парламентот и со веб сајтот на Собранието, информираше спикерот на Собранието, Трајко Вељановски.

Според најавата Facebook и Twitter профилите на Собранието на Република Македонија ќе се користат за споделување на содржини кои веќе се достапни на сајтот на Собранието. Содржини кои ќе бидат споделувани се дневниот ред на седниците, седници на работни тела или меѓународни и други активности на пратениците или службата на Собранието.

Иако друштвените мрежи пред се овозможуваат двострана комуникација, барем засега нема најави дека профилите на друштвените мрежи ќе влегуваат во комуникација со заинтересираните корисници. Вообичаено овие страни имаат и линкови до официјалните профили на институциите во Собранието, на пример Претседателот на Собранието или координаторите на пратенички групи, сепак ќе мора да почекаме најпрво да ги видиме профилите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top