Пребарувајте ги Facebook статусите со Оpenbook

Openbook е проект кој ја истакнува незаинтересираноста нa Facebook да воведе јасно објаснување за приватноста, како и негрижата на корисниците да ја заштитат истата.

Сервисот го користи пребарувањето од Graph API на Facebook и прикажува навистина интересни статуси, од „си ја мразам работата и својо шеф“ преку „малолетни девојки да ги покажат цицките“ до објавување лични информации. Секако дека вината може да се најде кај корисниците за глупавите постови кои им ги гледаат преко 100-тина „пријатели“ но поентата е дека многумина од нив не се ни свесни дека нивните статуси, родендени и други лични информации се јавни и достапни на целиот свет што Openbook го демонстрира тоа перфектно.

Facebook, и покрај критиките, полека но сигурно ја објавува приватноста, ги смени сетинзите за да може да ги истакне информациите евентуално резултирајќи во потаргетирани реклами и поголема интеракција и споделување со корисниците. Сепак, така да тешко дека ќе се откажеме од Facebook. Друштвената мрежа е интересна, забавна, сите сакаме да комуницираме со пријателите, да споделуваме информации… но сакаме и да имаме контрола врз тие информации.

Од друга страна, тоа што ми се допадна кај Openbook е што интересен како пребарувач на статуси. Некои корисници навистина сакаат да споделуваат јавни статуси. Има и разни групи од компании/брендови/итн. Ниту еден од тие статуси не можете да го пребарате на Google. Од таму ќе добиете линкови до сајтови, но од сервис како Openbook ќе добиете лични мислења и корисничко искуство.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments