Google со телефон кој ви шепка реклами во уво

0 коментари 1 мин. читање

Телефонот ќе ви понуди рингтонови од реклами, GPS систем кој ќе ве тера да посетите спонзориран бизнис, на секоја ваша слика ќе има реклама, и телефонот од време на време ќе им се јавува на вашите пријатели за да им каже некоја реклама.

Револуционерниот уред е толку ефективен што „корисниците нема ни да се сеќаваат на време кога никој не им шепнувал во уво.“

Звучи лудо нели? :) Се работи за лажна вест на Onion која иако е шега, на моменти и апсурдна, сепак кратко ја објаснува ситуацијата со веб и мобилните сервиси. Сите сервиси/апликации се бесплатни, само ќе бидете спамирани со реклами.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед