Празници се ближат, а со нив и попусти за видео игри! Не пропуштајте

во Софтвер

Новогодишните празници се вообичаено време кога имаме повеќе слободно време за релаксација, за филмови и серии, и се разбира за видео игри и pwnage! Поради празниците, најголем дел од девелоперите и издавачите го користат овој период за да ги понудат своите наслови по намалени цени, а дел од игрите имаат навистина огромен попуст.

Steam, како една од попопуларните гејминг платформи, ја започна традиционалната новогодишна продажба со попуст помеѓу 50 и 75 отсто на блокбастерите Bioshock Infinite, достапен за 7,49 евра, Dishonored за 7,49евра и Batman:Arkham Origins за 25 евра. Попустите ќе траат до 3 јануари, а покрај куп игри кој ќе бидат со пониска цена во текот на целиот период, Steam повторно организира и Flash продажби кои траат по 8 часа и се менуваат трипати во денот и избори на корисниците во кои се гласа за играта која ќе добие попуст помеѓу три предлози.

12 дена Божиќ е понудата со која Amazon нуди попусти на речиси сите игри во пред новогодишната продажба. Вообичаено Amazon нуди попуст на голем дел од производите, а овој пат продажбата доаѓа со бесплатна достава, за жал единствено за корисниците од САД.

Доколку не сте импресионирани од новите игри, GOG (Good old games) има попусти на легендарните наслови кои ги издаваат. Помеѓу игрите кои се на попуст се Neverwinter Nights 2, Witcher 2: Assassination of Kings, System Shock 2 и Planescape Torment. Понудата на игрите се менува секојдневно, па можеби ќе биде потребно да причекате доколку насловот кој го посакувате не е на продажба.

Blizzard исто така има распродажба на Battle.net, а поефтинети се World of Warcraft и Starcraft 2, но и куп „ingame“ додатоци. Секако не ги заборавајте и бесплатните игри, пример League of Legends и Dota 2. Aко имате слободно време, посетете ги дигитални продавници и побарајте ги вашите омилени игри за прекрасни новогодишни прасници.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments