2 коментари 2 мин. читање

Магазинот Time го објави „Instagram фотографот на годината“

Откако го прогласија Папата Фрaнсис за личност на годината, магазинот Time додели уште едно признание, но овојпат го прогласи Дејвид Гутенфелдер за најдобриот „Instagram фотограф на годината“. Фотографот на Associated Press наградата ја освои пред се поради своите фотографии од Северна Кореа, од каде сподели дел од најдобрите фотографии на Instagram. Но, г. Гутенфелдер не е обичен „инстаграмџија“ туку професионален фотограф кој во својата кариера известувал за воени конфликти и природни катастрофи од над 75 држави покривајќи.

„Во неговите Instagram фотографии гледаме спектрална празнина од Пјонгјанг, своевиден Орвелов градски блок, замолчени патници во автобуси, килими со спирални шари во инаку неживописина чекалница. Фотографиите кои се наоѓаат на Instagram профилот на Гутенфелдер се често оние кој покажуваат дека тој нема да има дом на некое друго место-во маргините на сцените, во објекти од мртва природа“, Time го објаснува својот избор.

Неговите фотографии од Северна Кореа, без врска што се споделени на друштвена мрежа, ни овозможуваат на голем дел од нас единствена можност да погледнеме во оваа изолирана држава ставена зад таканаречена „железна завеса“. Доделувањето на ова признание од Time е одличен приказ за важноста на друштвените мрежа, во случајов Instagram, кога е во прашање информирањето и споделувањето на ексклузивна содржина. Благодарение на овие платформи и паметните телефони сега сме сведоци на фотографии кои вообичаено никогаш не би ги виделе, или полошо не би биле направени. Ова важи и за неговите фотографии направени од пустежот во Филипините оставен од тајфунот Хајан.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top