0 коментари 2 мин. читање 20 декември, 2013

CyanogenMod собра уште 23 милиони долари за да го направи Android подобар

Популарниот Android ROM, Cyanogenmod, собра уште 23 милиони долари инвестиција, предводена од Andreessen Horowitz, за развој на
нов оперативен систем кој ќе му биде вистинска конкуренција на Android. Средствата се наменети за инвестиција во дистрибуцијата и за проширување на развојниот тим.

„Наша цел кога ја стартувавме оваа компанија беше да креираме најдобро можно искуство на преносните уредии веруваме дека корисниците треба да имаат слобода да го имаат ова искуство без разлика на хардверот кој го избрале. Секоj кој работи на проектот исто така е и корисник – a ова е моќна идеја“.

CyanogenMod, кој овозможува поголема персонализација на Android телефоните, сега има над 11 милиони корисници за разлика од пред месец кога беа 8 милиони. Кон крајот на следната година Cyanogen најавува ребрендирање, а дел од продуктите кои ќе бидат претставени „ќе ги воодушеват сите“. Сепак најголем предизвик за компанијата во моментов е популаризација на CyanogenMod. Засега Android ROM-от има проблеми со дистрибуцијата откако Google ја отстрани апликацијата од Google Play, иако инсталерот е достапен на официјалната страна.

„Apple, Google и Samsung не победиле, о иако изгледа така, сè уште сме на почеток. Паметните телефони се сеуште на почеток“ вели Кирк Мекастер извршниот директор на Cyanogen за The Verge.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top