Правото да се биде заборавен не е глобална цензура

во feature, Вести

Европскиот суд на правдата одлучи дека „правото да се биде заборавен“ не  подразбира глобална цензура. Односно заштитата на приватноста во некоја локација нема да влијае на резултатите од пребарувањата глобално.

Оваа одлука е донесена откако судот го одби барањето на Франција „правото да се биде заборавен“ да биде влијае на целиот свет. Google ги отстрануваше резултатите од пребарувањата на корисниците, но не  во глобалното пребарување, туку единствено за Европа. Поедноставено Google ги отстранува податоците ако некој пребарува од Европа, но за остатокот од светот сите податоци се видливи.

Она што може да биде проблем во иднина е причината поради која е одбиено барањето. Одлуката на Судот е дека во Законот нема барање за глобално отстранување на овие податоци. Ако законот се промени во Европа, но и ако законот на некоја држава го овозможува ова, судот ќе може да побара од Google, но и од другите пребарувачи да ги отстранат линковите глобално, пишува Atlantic.

Добра вест е дека Европскиот суд на правдата сепак одлучи дека овие линкови не мораат да се отстранат иако можеби содржат податоци за сексуалниот живот на барателот или за претходни осудување, туку може да за зачуваат за да се искористат кога тоа ќе биде од исклучителна важност за  правото на информирање, вели BBC.

Право да се биде заборавен

Правото да се биде заборавен е закон кој на граѓаните на Европската Унија им овозможува да побараат податоци за нив да бидат отстранети.

Законот се однесува и на пребарувачите како Google, Bing, DuckDuckGo кои треба да ги отстранат ваквите резултати од пребарувањето.

Најголем проблем на „правото да се биде заборавен“ е што законот е речиси во спротивност со законот за слободен пристап до информации.

Дополнително глобалното отстранување на линковите би можело да биде злоупотребено од тоталитарни режими кои би можеле тенденциозно да бараат бришење на податоци.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk