Познати македонските репрезентативци на светското е-спорт првенство во Јужна Кореја

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, гејминг, ИТ.МК

Две екипи ќе ја претставуваат Македонија на светското првенство во е-спорт, кое годинава, во ноември, се организира во Бусан, Јужна Кореја. Екипата Evolution Online се едни од финалистите кои на викенд квалификациите освоија победа над Me6. Исто така, нивните колеги кои ќе ги облечат црвените дресови за Македонија во дисциплината CS:GO се момците од екипата Entity, кои по исто толку долг квалификациски период со 12 тимови и финални натпревари со вкупно 8 тимови, дојдоа до шансата да одат во Кина и да бидат дел од World Cyber Arena.

Годинава, учестуваа вкупно 20 екипи во 2 дисциплини, кои 3 месеци се натпреваруваа за да се квалификуваат на завршниот турнир. Досега, Македонија учествуваше на 8 светски и 2 европски првенства во еспорт. Првиот турнир во мегапопуларната League of Legends се одржа во Интернет клубот Инсомниа во Скопје. Вториот натпревар се одржа во гејминг клубот Ентити во Охрид во Counter Strike: Global Offensive.

Ова е втора година по ред, Македонската еСпорт Федерација да организира национална лига во еспорт за учество во светско првенство, кое го организира IeSF (Интернационалната еСпорт Федерација).

Македонската еСпорт Федерација е формирана во 2009 година, следејќи ги глобалните трендови за развој на еспортот. Започна како член на World Cyber Games, за подоцна во 2013 година, да стане полноправна членка на Меѓународната еСпорт Федерација – IeSF. ВО 2016 година станува дел од World Cyber Alliance, една од најголемите еспорт организации со седиште во Кина. Истата година, МЕСФ е примена и во Светскиот еСпорт Конзорциум, WESCO.

МеСФ постојано е во комуникација со надлежните органи во Македонија за официјализирање на еспортот по примерот на многу светски држави.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments