Напомена: Ова е гостински текст од страна на студенти на ФИНКИ. IT.мк го објавува текстот интегрално во знак на поддршка на темата која се третира и мотивацијата за создавање на општествена дискусија на истата.
Impostor Syndrome: чувство на недоволност, несовпаѓање во средината и сомневање во себеси; како и верување дека сите други се снаоѓаат многу подобро или се многу поквалитетни во областа од интерес.
Во рамки на студентскиот проект “Impostоr Syndrome кај студентите на ФИНКИ”, по предметот Медиуми и комуникации при ФИНКИ, е направена анкета на студентите на факултетот користејќи ги интерните студентски групи на социјалните мрежи. Резултатите укажуваат дека силно е застапено чуството на Impostоr Syndrome меѓу студентите на ИТ, но истовремено е и табуизирано до тоа ниво да не се разговара слободно на темата и секој да смета дека е сам во своето чувство на “натрапник”.
Идејата зад овој повик е да се подигне свеста околу ова прашање во ИТ заедницата и да се охрабрат првично студентите на ФИНКИ, но и сите оние кои го избрале овој пат дека не се осамени на истиот.
Па за таа цел сите кои се студенти, вработени или било како поврзани со ИТ идустријата, кои би сакале да пружат поддршка истото може да го направат на социјалната мрежа која најмногу ја користат, на јазикот кои им е најблизок и на начин на кој сметаат дека е најсоодветен. Односно во форма на твит, статус, слика, приказна, видео, статија и сл., користејќи го хаштагот #ImpostоrSyndromeIT.
Притоа темата e: “Impostor Syndrome во ИТ” и е слободна за лична интерпретација. Односно може да опфаќа општо видување на темата, споделување на лично чувство, искуство или настан на работа, за време на студии, курсеви, работилници и сл.
Убаво е да се потсетиме дека сите почнуваме од некаде, со различна позадина и приказна и со ралични можности и капацитети, но тоа што ни е заедничко е дека секој почеток е тежок посебно во таква динамична индустрија како информатичката; која бара многу вложување, жртви, константна надградба, но во исто време не е нешто што е невозможно и резервирано само за “одбраните”. Па освен култура на “hustle”, споредување и постојано барање на повеќе, да се обидеме да создадеме култура на прифаќање, разбирање и дискусија.
Вашата мала поддршка може да значи многу за секој кој се бори со ова чувство, затоа Ве замолуваме да се приклучите во оваа иницијатива и да придонесеме сите заедно во дестигматизирање на оваа тематика.
Д.Б, студент на ФИНКИ
[…] post Повик за учество… appeared first on […]