ИТ настан: Натпревар во претприемништво за Роми

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење (НЦРИПУ) организира натпревар за најдобра идеја за социјално претпријатие, како дел од проектот СПИР – Социјално претприемништво за инклузија на Ромите. Проектот е финансиран од страна на Европската комисија во рамките на грантовата програма „Поттикнување на социјална инклузија и вработување на локално ниво“

Сите кои се заинтересрани, треба да формираат тимови од максимум 5 члена од ромска етничка заедница и да аплицираат онлајн, со пополнување на кратка апликација за нивната бизнис идеја за социјално претпријатие, најдоцна до 20.10.2017, на следниот линк.

Добиените апликации ќе бидат оценувани од страна на стучно жири, а најдобрите 8 тима ќе добијат сертификати и ќе се пласираат во финалето на натпреварот, кое ќе се одржи во просториите на Канцеларијата за социјално претприемништво, ПСМ инкубатор, на 24.10.2017.

На финалето, тимовите ќе имаат можност да ја претстават нивната идеја за социјално претпријатие пред симулиран борд на инвеститори (стручно жири), кое низ процес на селекција ќе ги избере најдобрите три кои ќе бидат соодветно наградени:

  • Прва награда (награден фонд од 700 евра која се состои од 300 евра монетарна награда и 20 часови консултантски сесии со експерти)
  • Втора награда (награден фонд од 600 евра која се состои од 200 евра монетарна награда и 20 часови консултантски сесии со експерти)
  • Трета награда (награден фонд од 500 евра која се состои од 100 евра монетарна награда и 20 часови консултантски сесии со експерти)

Во овие сесии стартапите ќе можат да се запознаат со: развој на бизнис модел; менторство за финансиско планирање; менаџирање на ризик; ефективна комуникација и маркетинг; развој на бизнис план; подготовока и претставување на бизнис идеја пред инвеститори и можности за надворешно инвестирање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments