0 коментари 2 мин. читање 28 јуни, 2023

Повик за приклучување кон IT4Charity 2023 – 3/6KM Трка за поддршка на ранливи групи деца и млади

Движењето IT4Charity е креирано од повеќе ИТ компании во 2016 година со цел да ја зближи ИТ заедницата преку хуманитарни активности кои се наменети за собирање средства за поддршка на ранливите групи во нашето општество. Во тој контекст, од тогаш-наваму, ИТ заедницата и СОС Детско село организираат една IT4Charity кампања на годишно ниво која има за цел да ја поддржи ранливата група на деца и млади во грижа на СОС Детско село.

Овогодишната цел на кампањата IT4Charity е собирање финансиски средства потребни за едукативна и вонучилишна доедукација и продобрување на капацитети и знаење на децата и младите без родители и/или родителска грижа кои се поддржани од СОС Детско село.

Минатите две години се организираа кампањи чиј концепт беше поттикнување физичка активност и team-building за вработените од компаниите учеснички  при што кампањата финализираше со заедничка трка. Со намера да оваа трка стане традиционална активност за ИТ заедницата и оваа година организираме IT4Charity трка од 3КМ или 6КМ во која учество ќе земат вработените од ИТ компаниите кои ќе го поддржат IT4Charity проектот.

Планирано е трката да се одржи во недела на 3ти Септември со почеток во 9 часот, со старт и финиш на Школка, Градски Парк – Скопје каде што сите учесници и нивните поддржувачи и бодрачи по завршетокот на трката ќе имаат можност неформално да се дружат на забава со храна, пијалоци, музика.

Повеќе детали за како може да се вклучите во оваа иницијатива има во долунаведените фотографии, како и презентацијата за овој значаен проект кој овозможува вистински промени во животите на деца и млади од ранлива категорија:

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top