Повеќе од беџ

Собирањето на значки не е ново хоби, но дали овој пат може да има и некои поголеми екстерни ефекти?

Сега кога знаеме дека двеста и деведетесет луѓе може да се соберат на едно место во Скопје заради искористување на попусти, можеме да се запрашаме дали друштвенте мрежи како Foursquare може во нашава средина да се искористат и за нешто друго покрај бизнисот и забавата?

Во јануари 2011 година, за време на револуцијата во Тунис, тамошниот блогер Слим Амаму го искористи Foursquare за да се пријави во тамошното МВР откако беше уапсен. Во ноември 2010-та апликацијата се користише планирано и организирано за време на изборите за конгресот на САД, а и есенва за време на Occupy Wall Street, масовната употреба на сервисот помогна да се добие појасна слика за големината на протестите. Покрај тоа што оваа употреба на друштвената мрежа може да биде корисна и за активистите и за новинарите, кои можат полесно да најдат нови случувања преку пријавите на сервисот, не треба да ја заборавиме и мрачната анализа на Евгени Морозов за тоа дека авторитарните режими можат да го користат интернет сосема комонто за да ја зголемат контролата над граѓаните во државата.

Можеби никогаш нема да знаеме дали последново е причина за неупотребата на Foursquare од страна на граѓаните што учестуваа(т) во граѓанскиот активизам против полициската бруталност што трае скоро половина година, или пак причините некои други, помалку загрижувачки, како на пример Web 2.0 неписменост. Сепак, останува тоа дека во текот на целиот период Foursquare не се користеше ни за да се прикаже масовноста, ниту за да се објави посетувањето на институциите на државата каде што се носе документи за официјална комуникација. Но, колку што ми е познато, дури и славеничките активности како прославите за кошаркарските победи, или добротворните активности како собирањето на стара облека или државно организираните акции за пошумување не го користат сервисот за да ја зголемат својата присутност на интернет и настаните да ги прикажат како попривлечни преку бројот на луѓе што се присутни таму.

Деновиве Дана Бојд во соработка со Microsoft Research одлучи да отвори некои посериозни прашања во врска со технологиите и друштвените мрежи – нивната улога во трговијата со луѓе. Ова е горливо прашање и во Македонија. Не знам дали и како Foursquare (или било која друга социјална мрежа) може да помогне, но знам дека нема причина да се сомневаме во иновативноста на луѓето.

Во очекување на нов настан каде фокусот нема да биде потрошувачкиот дух, се потсетуваме дека по затворското пријавување тунишанецот Слим се пријави од министерската канцеларија во новата влада на Тунис.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
6 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@blackflasher
13 years ago

Проблемот со организирање протести преку Foursquare е видливоста. МВР може да направи истрага кој се чекирал и потоа да дискретира или затвара со банални објаснувања.

Перо
Перо
13 years ago

Небитен факт е темава. Протестите имаа проблем со објективноста на традиционалните медиуми, а не со интернет публиката.

Плус, многу малце луѓе го користат Foursquare кај нас, за разлика од САД.

@twibi
13 years ago

Имам едно прашање бидејќи не сум корисник на Foursquare.

Дали можам да се чекирам од место каде не сум физички присутен?

IT.com.mk
Admin
13 years ago
Reply to  @twibi

Да, може преку пријателите. 4sq ќе ти покаже од каде се чекирани твоите пријатели, односно ќе ти даде линк до местото. Отвори го линкот т.е. местото и чекирај се без проблем.

Непознат
Непознат
13 years ago
Reply to  IT.com.mk

Тоа нема смисла. Зошто би се чекирал така. Дали така се чекираа и во неделата во Ramstore?

Boris Kuzmanov
13 years ago

Нема смисла, но може да се чекираш на места на кои не си физички присутен. А за во неделата никој не може да ти каже, но најверојатно имало луѓе кои не биле таму, а се чекирале само ради беџот.