0 коментари 1 мин. читање 9 декември, 2011

Instagram наскоро ќе има и Android верзија

Најпопуларната мобилна апликација за сподолување фотографии Instagram сега нема да биде екслузивно достапна само за корисниците на iOS уреди. Најавена е и Android верзија која ќе се појави наскоро.

Од стартапот најавија на Le Web ’11 дека „имаме двајца луѓе кои работат на Android верзијата“. Instagram има околу 15 милиони корисници, и се очекува таа бројка да се дуплира со Android верзијата.

Покрај најавата за Android верзија, основачот на Instagram, Кевин Систром најави и дека ќе воведат реклами во бесплатната верзија.

„Не ја стартувавме компанијата за да не правиме пари. Фокусот сега ни е кон проширување на мрежата.“, вели тој.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top