0 коментари 1 мин. читање 11 декември, 2011

Blizzard го претстави воведното видео на Diablo 3

BLizzard го претстави воведното видео на Diablo 3 на Spike VGA наградите 2011. Видеото изгледа фантастично и возбудливо како што се очекува да биде и култната видео игра која чека скоро повеќе од десет години за да го добие своето трето продолжение. Во него се претставени легендарниот Декард Кејн и неговата внука Леа кои го очекуваат пеколот кој треба да дојде.

За жал, се уште не се знае кога ќе биде објавена играта, но тоа ќе се случи сигурно во 2012-та. Играта моментално е во јавна бета, а Blizzard веќе им дозволи на претплатниците на World of Warcraft да ја купат Diablo 3 со плаќање однапред на една годишна претплата на WoW.

Blizzard на Spike наградите најави дека се заинтересирани за креирање мобилни игри и дека размислуваат за снимање на филм за World of Warcraft.

[youtube]Y9mUe5vHYzs[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top