Потврдени повеќе од 60 говорници на седмиот Самит Македонија2025

во ИТ.МК

Од 7-ми до 10-ти ноември во хотелот Мериот-Скопје, меѓународната невладинаорганизација Македонија2025 по седми пат ќе го организира годишниот Самит Македонија2025 – динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите. На настанот ќе присуствуваат преку 60 врвни говорници и публика составена од над 400 учесници, кои ќе имаат единствена можност да ги слушнат последните светски трендови во бизнисот, да се вмрежат со исклучителни професионалци и да остварат нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.

Меѓу говорниците на Самитот Македонија2025 ќе бидат: Кевин Мурнејн – Професор на Келог школата за менаџмент, САД; Гасан Хасбани – Заменик-премиер и Министер за здравство на Либија; Ентони Б. Ким – Менаџер за истражување и уредник на индексот за економска слобода во The Heritage Foundation, САД; д-р Џорди Серано Понс – Основач и Главен извршен директор на UniversalDoctor, Швајцарија, Јаир Енгел – Основач и Директор на Kayama – Центар за одржлив дизајн, Израел; Кетрин Константинидес – светски познат филантроп, активистка и претприемач од Јужна Африка и многу други.

Годинава за прв пат организаторите најавуваат тридневна програма, исполнета со над 10 тематски дискусии и 4 „break-out“ сесии, кои ќе покријат широк спектар на теми како светски економски трендови, регионални инвестиции, лидерство, претприемништво. Ќе се зборува и за дигиталната трансформација, примената на последните технологии во медицината, како и за произдводството на медицински канабис во Македонија. Посебен акцент ќе биде ставен на филантропијата и возвраќањето кон татковината, преку Добротворната гала-вечер во чест на Џон Битов Постариот, прославувајќи десет години од формирањето на организацијата и седум години од Самитот Македонија2025.

Редовната регистрација за Самитот е отворена до 30-ти септември со поволности за мали и средни компании. Доцната регистрација започнува веќе од 1-ви октомври 2018. Регистрирајте се на официјалната веб-страна.


Напомена: IT.mk е медиумски партнер на Самит Македонија2025.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk