0 коментари 2 мин. читање 26 септември, 2018

Повик за учество на глобалниот хакатон IEEExtreme 12.0

Подгответе се за IEEExtreme! Македонската секција на IEEE членови ги повикува сите студенти кои имаат интерес во натпревари во програмирање да ги покажат своите вештини на 12-тото издание на глобалниот 24-часовен хакатон IEEExtreme 12.0.

На натпреварот може да се програмира на повеќе од 30 јазици и има систем за вежбање, каде натпреварувачите можат да се подготват и да видат какви задачи би ги очекувале. Во еден тим може да учествуваат најмалку двајца, a најмногу тројца студенти и тоа да се сите на додипломски студии или еден од нив да е на пост-дипломски студии. Во изминативе години, македонските тимови успевале да влезат во топ 100 во светот и топ 10 во Европа.

Крајниот рок за пријавување е до 7 октомври, a пријавувањето се врши на следниот ЛИНК, но пред сѐ треба да сте IEEE член за да учествувате на натпреварот. Оваа година настанот е закажан за 20ти октомври и почнува во 02:00 часот по полноќ.

Во Македонија, натпреварот се одржува по 8-ми пат, а домаќин по 4-ти пат е компанијата Нетцетера, која ќе ги отстапи и своите простории за македонските натпреварувачи.

Повеќе информации и детали околу процесот на пријавување можете да добиете на официјалниот настан на Фејсбук и директно на [email protected].

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top