0 коментари 1 мин. читање 23 август, 2017

Потполно автоматизирана кујна од Moley Robotics

Рингли, рерна, екран на допир и две вешти автоматски раце се иднината на готвењето на Moley Robotics. Не само што може да готви, туку роботот и ќе си чисти по готвењето. Компанијата работи на оваа технологија подолго време, но сè уште изгледа на нешто што излегло во видеоигра.

Роботот може да се управува преку апликација за паметен телефон. Можеби поинтересен е начинот на кој роботот ги учи новите рецепти. Машината во целост ги копира движењата на готвачите од кои ги учи рецептите.

Тимот на Moley Robotics смета дека во иднина цената на нивната автоматизирана кујна, нема да се разликува од цената на обичните кујни. „Во иднина ќе им биде достапна на милиони корисници“, вели Марк Олејник,  иноваторот зад автоматската кујна.

Претпродажбата на автоматската кујна започнува во 2018 година.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top