Final Fantasy 15 ќе дојде за PC на почетокот на 2018 година

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Final Fantasy 15 произлезе како исклучително солидна игра. Секако, на Конан О’Брајан не му се допадна премногу, а и информацијата дека има битка од 72 часа се покажа невистинита, но тоа никако не значи дека PC гејмерите треба да бидат запоставени од нејзиното севкупно влијание. Па така, на овогодишниот Gamescom, издавачката куќа Square Enix изјави дека Final Fantasy 15 ќе се појави за PC веќе од наредната година. Играта ќе ја пратат сите додатоци во кои веќе уживаат конзолските браќа, но и бројни графички благодети кои ќе бидат уникатни за PC платформата.

PC верзијата ќе биде базирана на најновата верзија на Luminous графичкиот енџин, а ќе подржува и 4К резолуции и Nvidia Gameworks. Како верзија во која Nvidia длабоко пушта корени, Final Fantasy 15 ќе се одликува со TurfEffect за реалистична симулација на трева, Hairworks за реалистичен приказ на коса, Flow за реалистична симулација на течност и дим, како и напредни алгоритми за амбиентална оклузија и сенки. Сево ова само значи дека кога моментот ќе дојде, ќе имате на располагање забележително поубава игра, нормално доколку вашето гејмерско чудовиште излезе во пресрет на хардверската побарувачка. За овековечување на ваквата дигитална убавина, играта ќе биде подржана и со алатката Nvidia’s Ansel Photography tool.

Final Fantasy 15 излезе на 29.ноември за PlayStation 4 и Xbox One и доби Metascore оценка од 81, односно 83 поени, со пофалби кои ја издигнаа играта како едно од нај уникатните и најубавите искуства на годината. PC верзијата се очекува во раната 2018 година. Во меѓувреме, PC фановите би можеле да ја згаснат жедта со некоја од следниве Final Fantasy игри.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments