0 коментари 1 мин. читање

Постојат над 26.000 .мк домени регистрирани од над 11.000 регистранти

Во регистарот на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРНет) постојат 26.766 .мк домени кои може да се анализираат, пишува студентот по информатика Дејан Ангелов во својата „Анализа на .мк домените“. Анализата е направена како одговор на новиот правилник на МАРНет со кој се либерализира .мк доменот, односно им се дозволува со домените да управуваат и други компании-регистрари.

Според анализата, 26-те илјади .мк домени, во чија бројка се вклучени и сите секундарни домени како .gov.mk, edu.mk, org.mk…, дури и непопуларните .inf.mk и .mil.mk кои не се искористени за ниту еден домен, се регистрирани од 11.513 регистранти. Поголем дел, или 14 отсто, се компании кои се посредници помеѓу МАРНет и корисниците, но со новиот правилник постои ограничување на само 30 домени по регистрант, што значи дека корисниците отсега ќе мора самите да го регистрираат доменот.

Подеталната анализа на .мк домените ќе ја најдете на блогот на Дејан Ангелов.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top