Microsot го надгради Surface Pro 2 со побрз процесор

во Хардвер

Без никаква најава, Microsoft ги надгради процесорите на Surface Pro 2 таблет компјутерите. Наместо досегашниот i5-4200U на 1.6 GHz, новите таблети доаѓаат со i5-4300U процесор на 1.9 GHz. Измената најпрво ја забележа корисник чии уред не успеал да се префрли на фирмвер надградбата 12.1013 поради побрзиот процесор. Се чини дека неговото прашање ги фати неспремни во „грижата за корисници“ кои не му одговорија на прашањето дали Microsoft издал Surface Pro 2.5.

„Microsoft рутински прави мали промени во компонентите во животниот век на продуктите, базирано на бројни фактори вклучувајќи ги и партнерствата со производителите, достапноста и вредноста за нашите корисници. Со секоја промена на хардверот или софтверот, обезбедуваме дека корисничкото искуство ќе биде одлично“, вели претставникот на Microsoft.

Компанијата за Verge ја потврди измената, а двата процесори се слични, па побрзиот процесор не би требало дополнително да ја оптовари батеријата. И покрај лошиот почеток се чини дека конечно Microsoft е на вистински пат откако Surface 2 и Surface Pro 2 таблет комјутерите беа распродадени за новогодишните празници.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk