Интернет зависноста и зависноста од видеоигри не е единствениот проблем со кој може да се соочите. Ново истражувањето на корејскиот психолог Сам-Вок Чои покажува дека Јужна Кореа се бори со уште една зависност – зависност од преголема употреба на паметни телефони. Најголем дел од експертите за зависности во западниот свет се сомневаат во постоењето на технолошки зависности, но г. Чои и неговиот тим дојдоа до докази што покажуваат дека корисниците се навлекуваат на своите телефони, како што се навлекуваат и на Интернет, пишува Елизабет Војк во блог пост на Medium.
Најголем број од интернет зависниците своето време го поминуваат играјќи MMO-игри, за разлика од нив зависниците од паметни телефони своето време го поминуваат на апликациите за друштвени мрежи, во разговори и интеракција со пријателите кои ги познаваат и во вистинскиот свет, сметајќи дека се поврзуваат со своите пријатели, но во суштина претеруваат со употребата на апликациите, вели психологот Чои, кој додава дека „Можеби поради фокусот на друштвените апликации најголем број од зависниците од паметни телефони се од женски пол, додека интернет зависниците се генерално мажи, точна статистика на поделбата е тешко да се направи“.
Зависноста од паметни телефони можеби е логично да се регистрира во Јужна Кореја која е гигант со 80 отсто од жителите кои користат паметни телефони, додека, според Државниот завод за статистика, во Македонија само 55,2 отсто од корисниците поседуваат паметен телефон. Па не е ни чудо што пред неколку години властите во Ј. Кореа започнаа истражување околу можната зависност од паметни телефони. Сепак за категоризирање на зависноста од паметни телефони како вистинска зависност потребно е да се пронајдат докази дека како и останатите зависности влијае на мозокот, сите останати зависности ги имаат, надополнува г.Чои.
„Промените кои настануваат поради зависнистите најпрво се појавуваат како социјални проблеми, а научните одговори најчесто пристигнуваат многу подоцна. Може да треба многу, многу години до пронаоѓање на медицински докази“.
Тоа што може да укаже на зависност од паметни телефони тимот на г. Чои го има поделено во неколку подобласти. Зависниците ги користат телефоните 22 отсто повеќе од останатите корисници, но клучни се причините за „вклучувањето“ на телефонот. Потенцијалните зависници ги вклучуваат телефоните поради: досада, стрес или депресија. Има разлика и во времето во кое со користи телефони, така од 18:00 до полноќ е време во кое потенцијалните зависници најмногу го користат својот паметен телефон. Во споредба со корисниците кои не се во опасност, за разлика од зависниците речиси воопшто не го користат својот паметен телефони во период од 23:00 до 3:00 часот. Но, како што вели г. Чои, иако верува дека постои зависност, засега истражувањата се на самиот почеток и треба да помине време за конкретни докази, иако до тогаш ќе имаме некои нови уреди, можеби и зависност од виртуелна реалност.







