0 коментари 2 мин. читање 28 ноември, 2014

Европа сака Google да го воведе „правото да бидеш заборавен“ во глобални рамки

Европската Комисија е незадоволно од примената на „правото да се биде заборавен“ кое му го наметна на Google. Со оваа право корисниците можат да побараат од Google да тргне резултати кои се стари, нерелевантни и кои им ја нарушуваат приватноста. Но, ако овие права важеа само во Европа, сега целта е Google да ги воведе на глобално ниво, оснодно во пребарувањата на Google.com.

Google по барањето на Комисијата ги отстрани резултатите од пребарувањата од локалните пребарувачи како google.de, google.co.uk или google.it, но резултатите од пребарувањата на google.com останаа непороменети. Поради ова заобиколувањето на законот е едноставно, бидејќи се што треба е корисниците наместо локалните сервиси да го користат google.com. Новата верзија на законот сега предвидува линковите кои навлегуваат во приватноста на корисниците да бидат отстранети од сите пребарувачи, а не само од регионалните верзии.

„Законот во Европската Унија вели дека секој има право да биде заборавен. Одлуките мора да бидат имплементирани на начин кој ќе обезбеди ефективна и целосна заштита на усбјектите на податоци, законите на Европската Унија не може да се прекршуваат“.

Одлуката во моментов можеби се однесува единствено на Google, но насоките во иднина ќе важат за сите останати пребарувачи: Bing, DuckDuckGo, Yahoo и слично.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}