Во фокусот на Европската агенција за заштита на лични податоци наскоро ќе се најдат вебсајтовите кои „тивко“ ги следат корисниците. Станува збор за следење со помош на „device fingerprinting“ за кој во моментов не е потребна согласност од корисникот, вели Guardian.
„Страните кои сакаат да ги процесираат device fingerprints кои се генерираат преку пристап или зачувување на информации на уредот, мора најпрво да побараат согласност од корисниците“, се вели во резолуцијата.
Станува збор за следење на уредите, алтернатива на интернет колачињата со собирање на податоците кое функционира и доколку интернет колачињата се исклучени. Ова се користи од Google, Microsoft и други веб сајтови кои сакаат да ги заобиколот регулативите за интернет колачињата. Еден податок е недоволен за идентификација на уредот, но збир на вакви податоци овозможува целосна или делумна идентификација на корисниците. Податоците се сместени во стринг кој го идентификува уредот. За разлика од интернет колачињата, дигиталниот отпечаток е многу потежок за исклучување, па голем дел од сервисите ги користат за рекламирање на уредите. Една од можностите кои им остануваат на корисниците е пристап на интернет преку сервис за анонимизација како Tor.
„Канцеларијата на комесарот за информации отсекогаш беше јасна дека законот за интернет колачиња се однесува на сите слични технологии. Дигиталните отпечатоци имаат пристап до информациите на уредот на корисникот на сличен начин како и интернет колачињата и овозможуваат организација со слични придобивки. Со ова на ум, разбирливо е дека законот за интернет колачиња се однесува и на дигиталниот отпечаток“.







