1 коментар 2 мин. читање 25 октомври, 2021

Haunted Chocolatier e најновата игра на студиото одговорно за инди хитот Stardew Valley

Нема никакво сомневање во бројните квалитетни особини на Stardew Valley. Оваа уникатна инди игра има запрепастувачки 98% позитивни рецензии на Steam – достигнување кое е резервирано само за исклучително мал број игри. Tаквото нешто дефинитивно не е лесно затоа што авторот зад оваа животна симулација со лесни RPG механики има инвестирано цели десет години.

По се изгледа, време е да се посвети внимание на ново чедо. За таа цел, авторот Ерик Бароун ги насочува мислите кон игра која „ истражува фантастични можности… искуства кои ве издигнуваат над секојдневието и ве поставуваат во светот на магичнoто и опседнато чоколадо.“

Во Haunted Chocolatier играте како производител на чоколада. Сè би било во ред, меѓутоа, да не би ги правеле и продавале чоколадo во опседнат замок. Доколку го одгледавте трејлерот тогаш не можевте, а да не го регистрирате огромниот акцент кој се става на релаксирачко снежно искуство. Искрено се надеваме дека играта ќе излезе пред новогодишните празници затоа што се чини како да е направена токму за нив. Ерик, меѓутоа, не открива кога би можел да се појави насловот. Она што откри е дека, иако во играта започнувате на сличен начин како кај Stardew Valley, при што фокусот од фармата скока на продавницата, Haunted Chocolatier е повеќе ориентирана кон акциони RPG механики.

Haunted Chocolatier ќе понуди чистокрвно соло искуство, без никакви моментни планови за мрежни режими. Играта ќе излезе за PC, но и за конзолите.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top