POSTAL: Brain Damaged и These Sunny Daze

во гејминг

Франшизата POSTAL отсекогаш била синоним за контроверзност, црн хумор и отворен свет каде што хаосот е главната цел. Со POSTAL: Brain Damaged, студиото Hyperstrange, во соработка со Running With Scissors, нуди нешто сосема поинакво. Овој спин-оф наслов го напушта познатиот симулациски пристап и ја носи серијата во светот на ретро-инспирираните пукачки игри од прво лице, фокусирајќи се на брза акција и вештина. Како резултат, добивате забавно искуство кое се одвива на најнеобичното место – во извртениот ум на самиот Postal Dude.

Адреналинска почит кон класиците

Наместо да биде уште една игра во стилот на POSTAL 2, Brain Damaged црпи инспирација од класиците како Quake и DOOM. Гејмплејот е исклучително брз и бара постојано движење. Наместо криење зад препреки, успехот зависи од вашата способност да ги избегнувате непријателските проектили додека прецизно возвраќате со оган. Движењето е флуидно и овозможува брзо лизгање, скокање и маневрирање низ нивоата, што е клучно за преживување.

Одличниот дизајнот на нивоата целосно ја поддржува оваа динамика, нудејќи шаренолики околините кои се, честопати, надреални и исполнети со вертикалност, скриени патеки и арени кои ве принудуваат да ја користите целата околина во ваша корист. Секое ниво е уникатно, водејќи ве низ различни делови од психата на главниот лик – од морничави азили и приградски населби од пеколот, па сè до конвенции за видеоигри.

Арсеналот на оружја е верен на духот на POSTA, нудејќи бројни креативни и крајно деструктивни оружја. Покрај класичните пушки и сачмарки, ќе најдете и бизарни оружја како што е мачка што служи како придушувач или фрлач на харпуни кој ги приковува непријателите за ѕидовите. Секое оружје има своја намена и придонесува за хаотичната, но стратешка борба.

Ретро естетика со модерен сјај

Визуелно, играта користи ретро стил со ниско-полигонални модели и пикселизирани текстури, што е носталгично алудирање на FPS игрите од 90-тите години. Едноставната графика овозможува исклучително флуидни перформанси дури и кога екранот е преплавен со десетици непријатели и визуелни ефекти. Бомбастичната палета на бои и надреалниот дизајн на околините совршено ја доловуваат темата на ментална нестабилност, создавајќи свет кој е истовремено привлечен и вознемирувачки.

Музиката, пак, е составена од енергични хеви-метал и индустриски нумери кои го поттикнуваат адреналинот и совршено го надополнуваат брзиот гејмплеј. Звучните ефекти на оружјата се моќни и задоволувачки, додека непријателите имаат карактеристични звуци што помага во ориентацијата среде хаотичните битки. Гласовната глума е уште еден светол аспект, со враќањето на Corey Cruise како гласот на Postal Dude. Неговите цинични коментари и црн хумор се присутни, но овојпат се повеќе фокусирани на ситуацијата, давајќи контекст на лудилото што се одвива на екранот.

POSTAL: Brain Damaged е храбар и успешен експеримент кој ја носи франшизата во нов правец. се работи за одлично изработена пукачка игра која им оддава почит на класиците, истовремено задржувајќи го уникатниот хумор и идентитет на POSTAL. Иако можеби нема да ги привлече оние кои ја сакаат слободата на оригиналните игри, таа е апсолутна препорака за љубителите на брзи, предизвикувачки и стилски FPS наслови. Hyperstrange докажа дека со вистинската визија, дури и најлудата идеја може да се претвори во извонредно гејминг искуство.

POSTAL: Brain Damaged – These Sunny Daze

Приказната во These Sunny Daze директно се надоврзува на завршницата на основната игра. Токму кога Postal Dude мисли дека конечно ќе добие заслужен одмор, тој е вовлечен во нов национален хаос. Еден екстремен претседател започнува апсурдна кампања против црвенокосите луѓе, прогласувајќи ги за државни непријатели. Како работите да не се доволно бизарни, потпретседателот, опишан како технолошки ентузијаст, го краде целиот арсенал на оружје на главниот лик. Со коктел во раката и гнев во срцето, нашиот омилено хаотично лице тргнува во нова мисија низ сончеви предели за да си го врати своето оружје, борејќи се против толпи од фанатици.

Новитети во гејмплеј механиките

These Sunny Daze го задржува брзиот и агилен гејмплеј кој потсетува на класиците како Doom и Quake. Движењето и понатаму останува флуидно, со константен акцент на постојано движење и избегнување на непријателски напади додека возвраќате со сета сила.

Оваа експанзија воведува пет нови оружја кои го збогатуваат арсеналот и нудат свежи начини за справување со непријателите. Покрај тоа, воведена е и нова механика за движење. Sweaty Sticky Hand е алатка која служи како алтернатива на куката за качување од основната игра, овозможувајќи пристап до нови места на еден прилично необичен начин.

Секако, со новото поглавје доаѓаат и нови противници. Меѓу нив се издвојуваат стримери кои бараат внимание и опасни билдери. Враќањето на веќе познати ликови од серијалот во оваа нова авантура е исто така добредојден додаток за долгогодишните фанови.

DLC-то го задржува стилизираниот ретро изглед на основната игра, но новата тропска средина внесува живописна палета на бои, со сончеви плажи и летни пејзажи кои создаваат интересен контраст со хаотичната акција.

POSTAL: Brain Damaged – These Sunny Daze е солидна експанзија која успешно го надградува искуството од основната игра. Таа не се обидува да го револуционизира жанрот, туку ви нуди повеќе од она што ви се има допаднато, односно повеќе нивоа, повеќе оружја и повеќе од карактеристичниот POSTAL хумор. За љубителите на ретро-пукачките игри и фановите на серијалот, ова DLC претставува добредојден додаток кој нуди неколку часа брутална и забавна акција во едно ново, сончево опкружување.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk