Nа прв поглед, би можеле да помислите дека Rightfully, Beary Arms не е ништо повеќе од една лежерна и шармантна авантура, и, би биле во право. Но зад симпатичниот протагонист се крие брутален и комплексен bullet hell roguelite наслов. Со официјалното излегување на верзијата 1.0 за Steam и Xbox, насловот носи со себе значајни промени кои го заокружуваат искуството, вклучувајќи го долгоочекуваниот „вистински крај“, технички подобрувања и длабоки системски проширувања.

Редефинирана долготрајноста на играта
Верзијата 1.0 ја комплетира наративната целина на играта и ви дава можност да се соочите со конечниот предизвик преку новиот финален бос и, со самото тоа да го отклучите вистинскиот крај на приказната. Ова е проследено со нови наративни елементи и дополнителна оригинална музичка подлога, со што се добива поразличен контекст и искуство од претходната верзија. Доколку го следевте развојот и сега сакате да ја зголемите тежината на новиот циклус, тогаш додавањето на New Game+ пријатно ќе ве изненади. Дополнително, техничките подобрувања како можноста за зачувување на играта среде сесија и подобрената поддршка за контролер значително го подобруваат севкупното искуство, правејќи ја секоја сесија далеку попристапна и пофлексибилна.

Rightfully, Beary Arms се потпира на стратешкото манипулирање со правилата преку системите на Runtimes и Calamities. Овие механики ви дозволуваат активно да го менувате балансот на играта, во стил да изберете да ги олесните условите за вашиот лик, или пак, да ги направите непријателите потешки во замена за поголеми награди. Верзијата 1.0 го проширува овој арсенал со нови типови на Runtimes и Calamities, принудувајќи ве постојано да експериментирате и да ја реевалуирате вашата стратегија во зависност од моменталната ситуација.

Градење уникатен build
Rightfully, Beary Arms се истакнува од морето слични наслови и во поглед на системот за оружје. Не се работи само за пронаоѓање на посилно оружје, туку и за негово аугментирање. Ваквото драстично трансформирање на функционалноста на арсеналот се огледа во додавање нови својства или менување на постоечките како би се создале уникатни синергии. За уште покреативни комбинации, со финалната верзија пристигнуваат и сосема нови оружја.
Верзијата 1.0 додава и колекционерска димензија преку воведувањето на Mementos и различни костими. Доколку бевте дел од раниот пристап на Steam тогаш добивате ексклузивни костими како награда за вашата лојалност, вклучувајќи и специјален изглед за оние кои успеале да ја завршат играта пред официјалното лансирање.

Со 1.0 верзијата, Rightfully, Beary Arms се труди максимално да ја спои механичката длабочина со заразниот циклус на roguelite жанрот. Благодарение на продолжената игривост, проширени системи за модификација на тежината и технички подобрувања, чедото на Daylight Basement Studio LLC нуди доволно содржина за квалитетни попладневни сесии







