Од излегувањето на играта во 2015 па до сега, мрежното играње во Call of Duty: Black Ops 3 значително се прошири за сопствениците на сезонската пропусница. Со вклучување четири нови мапи, последното проширување само се надоврзува на досегашното искуство.
https://youtu.be/kJGl7KbN0QQ
Мапите кои ќе ги најдете во Salvation се Citadel, Micro, Outlaw и Rupture. Првата мапа се одвива помеѓу рушевините на замок, а втората, верувале или не, на минијатурно бојно поле на пикник маса. Третата мапа, пак, има примеси од Дивиот Запад и е во стилот на Standoff мапата од Black Ops 2, додека третата влече корени од Outskirts мапата од Call of Duty: World at War.
Како уште еден додаток, со четирите мапи се испорачува и последното поглавје од „приказната“ за Origins Zombies.
Соберете ги сите додатоци и добивате импресивна содржина за поразновидно мрежно препукување низ 16 нови мапи. Да не ни зборуваме за мапите и проширеното искуство за фановите на зомби режимот на играње.
По еден месец ексклузивен пристап преку Playstation 4, Salvation додатокот излегува за Windows PC и Xbox One овој четврток. Играчите на конзоли можат да го купат само овој додаток за 15 евра, но PC гејмерите можат да одат само со целата сезонска пропусница која е со 20% попуст во моментот.