0 коментари 2 мин. читање 4 октомври, 2016

Facebook маркет, друштвената мрежа сака да ви овозможи да продавате локално

Најверојатно веќе сте виделе Facebook групи кои се наменети за продажба на производи или услуги. Над 450 милиони корисници секој месец ги посетуваат овие групи. Друштвената мрежа сака да го досреди овој сегмент и да им олесни на своите корисници, па го воведува „Marketplace“.

Платформата на корисниците треба да им овозможи да купуваат и продаваат локално. Продавницата ќе овозможи поедноставно пронаоѓање на нови работи и продавање на работи кои повеќе не ни се потребни, ветува Facebook. Сервисот ќе овозможи едноставно огласување на предметите со слика, а истите можат да бидат вметнати во неколку категории, како: домаќинство, електроника и слично.

Она што мора да се напомене е дека Facebook нема да заработува од овие трансакции, но нема ниту да овозможи платформа за наплата. Плаќањето во целост останува на корисниците.

Продавањето е подеднакво едноставно како поставување на слика. Корисникот треба да фотографира предметот кој го продава; да внесе име, опис и цена; да внесе категорија и локација; и да го објави постот.

marketplace

 

Услугата засега е достапна во Австралија. Нов Зеланд, САД и Велика Британија.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top