Facebook стартува програма за алфа тестери на апликацијата за Android

Доколку сте сопственик на Android телефон и секогаш сакате да бидете во тек со развојот на Facebook апликацијата за тој мобилен оперативен систем, после програмата за бета тестери, Facebook ја стартува и програмата за алфа тестери на својата апликација.

„Нови опции ќе доаѓаат и ќе си заминуваат, ќе се појавуваат грешки и ќе се поправаат, дизајнот ќе доживее неколку промени. Бидејќи континуирано тестираме и експериментираме во алфа фазата, апликацијата која корисниците ќе ја користат и ќе ја тестираат, ќе се однесува поразлично од финалната верзија. Секоја повратна информација за стабилноста и опциите, како и на тешкотиите на кои ќе наидете, е добредојдена”, вели Кристијан Легнито за AllFacebook.

Инаку, во бета програмата за Facebook за Android се имаат вклучено повеќе од милион луѓе од 150 различни земји. Целта на таа програма е да се зголеми бројот на тестери и уреди на кои се тестира апликацијата, а крајниот резултат е да се добие врвна апликација која без никаков проблем ќе работи на било кој уред.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk