Скоро еден месец откако Google го промени алгоритмот за пребарување, на блоговите и форумите за SEO (Search Engine Optimization) оптимизација се појавија многу дискусии за неговата работа и подобро рангирање на сајтовите. Бидејќи се работи за промена после долго време, секако, потребно е и сопствениците на веб страници да ги прилагодат своите поставувања според најновите промени.
Во новиот алгоритам, еден од клучните параметри е Page Rank-от, кој сега е еден од факторите за кои морате да водете сметка при SEO оптимизацијата. Во продолжение ви го претставуваме инфографикот од Techmagnate на кој можете подобро да се запознаете што е важно кај SEO оптимизацијата и е во склад со новиот алгоритам.








