Карлос Педро е поштар oд Бразил кој рачно ги мапира улиците на Рочина, најголемата фавела во Бразил. Причина која го мотивира на ова е маката која ја има во текот на работата, бидејќи дури 60.000 жители на ова место ни самите не знаат на која адреса живеат.
„Ова е карактеристичен проблем за сиромашните квартови во Бразил. Владата според законот не мора да креира улици за населби кои се бесправно изградени, а поштата не мора да испорачува на домови без легална адреса“, вели г. Педро во интервју за Motherboard.
Граѓаните кои живеат во овие населби за да ја добијат својата пошта треба да одат во општинските центри и да ја подигнат оттаму, или да се договорат да ја подигаат од некоја компанија со постоечка адреса. Доколку сакате да купите нешто или доколку чекате пратка ова е сериозен проблем. Поради ова Карлос Педро, Елејн Рамос и Силас Виеира се одлучија да се обидат да ги мапираат улиците на Вила Верде. Првиот проблем со кој се соочија е што мапирање на населба во која најголем дел од улиците како низ тунели поминуваат под куќите, не е возможно.
[youtube]mS_PjwaqZYE[/youtube]
„Можно е за еден месец да го снема кокошарникот и на негово место да видиме куќа. Поради ова мора постојано да ги ажурираме промените“, вели г.Педро.
По креирањето на мапата, тимот го патентираше продукит, а секој објект може да се претплати на нивната услуга за 6,64 американски долари месечно. Услугата е наречена Friendly Mailman, а поштарите кои ги доставуваат пратките постојано ги ажурираат промените на улиците. Станува збор за одличен пример на кој може да видиме како благодарение на напорите, иновативноста и ентузијазмот на неколкумина целата заедница има пристап до основна потреба, во случајот можност за достава на пратки или пошта да нивната врата. Прочитајте ја целата приказна за поштарот и фавелите на Motherboard.







