0 коментари 2 мин. читање 24 октомври, 2014

ИТ настан: Хордата доаѓа! Југотон најави полноќно лансирање на Warlords of Draenor

Југотон го најави полноќното лансирање на шесттото продолжение на World of Warcraft – Warlords of Draenor. Полноќната продажбата на Warlords се одржува истовремено во целиот свет.

Продавницата на Југотон во ГТЦ ќе биде специјално отворена по работното време (од 22:00 до 01:00 часот) на 12-ти наспроти 13-ти ноември 2014, кога посетителите и љубителите на играта ќе можат да си ја купат заедно со останатите гејмери ширум светот. Покрај тоа на настанот ќе бидат доделени и награди: игри, музика, постери, хардвер и куп други награди. Сепак најважно за ваквите настани е дружењето и можност за средба со останатите играчи. Отварањето ќе го води Гораст Цветковски од GG.mk.

World of Warcraft: Warlords of Draenor ќе биде достапна за 2.790 денари за стандардната или 4.890 денари за колекторската верзија, а сите што ќе ја нарачаат во претпродажба добиваат 10 отсто попуст. Заедно со играта играчите ќе го добијат и буст до 90 ниво, со што веднаш би можеле да се вклучите во играта.

[youtube]TLzhlsEFcVQ[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top