Оние кои ја играле The Elder Scrolls IV: Oblivion пријатно се сеќаваат на ледениот град Брума и бројните портали во неговата покраина. Со оглед на застарениот графички енџин и гејмплеј механики, негувањето на ваквата носталгичност е повеќе од добредојдена во технички понапредната Skyrim.
Beyond Skyrim: Bruma е колосален мод за Skyrim кој од пред некој ден им дозволува на играчите да ја посетат добро познатата Брума, но две стотини години подоцна, како би се поклопило со временската рамка на петата игра од овој серијал.

Beyond Skyrim: Bruma верзијата, верувале или не, е поголема од официјалното Dragonborn DLC на Bethesda. Во модот ќе го најдете целиот град Брума, како и препознатливата покраина, заедно со тони од нови квестови, оригинална музика во времетраење од три часа и множество од гласовни таленти кое се протегнува низ 24 000 линии текст.
Најдоброто од сево ова е што со вашиот досегашен лик можете незасегнато да ги преминете границите, да видите што ве очекува и да се вратите назад појаки од кога било.
За да го играте Beyond Skyrim: Bruma модот потребно е да ја имате Skyrim заедно со сите три последователни проширувања, односно Skyrim’s Legendary Edition. Модот, инаку, е првиот дел од Beyond Skyrim – Cyrodiil, проект кој е замислен да го префрли целиот Сиродил во Скајрим.

За повеќе детали за новитетите и инструкции за преземање кликнете тука!







