Децата не знаат што да споделуваат, како да реагираат на одредени вести, што да преземат за нивната приватност или пак како да се постават при појавување на дигитално заплашување, односно малтретирање. Ова знае да биде значително точно и за одредени родители и наставници кои не се доволно запознаени за мрачната страна на интернетот и трајните последици кои можат да произлезат од недоволна информираност.
Со проектот Be Internet Awesome, Google вложува напори за креирање безбедно обединувачко средиште за овие засегнати страни. Се нудат флексибилни показатели за образование на детето при споделување чувствителни информации, правилна поставеност кон лажни вести, заштита на приватноста, заземање соодветен став при идентификување заплашување или малтретирање на социјалните мрежи и потенцирање на важноста за отворена комуникација.
Истражување на овие проблеми се остварува со едукативната игра Interland, но и изобилство од професионално создадени прирачници и ресурси како за учителите така и за родителите. Сево ова е дополнително прошарано со линкови за преземање најразлични помагала за зајакнување на мотивацијата, како семејна заклетва за правилно однесување на интернет и соодветни награди во форма на сертификати, значки и хартиени активности за самостојна или заедничка работа.







