Hydrogen One е телефон од RED со холографски дисплеј

Производителот на камери RED креира телефон кој доаѓа со холографски дисплеј. Hydrogen One е телефон со 5.7 инчен дисплеј кој ќе може да прикажува и 3D, холографска содржина.

Со оглед на тоа дека нема други телефони со холограф, тешко  е да се замисли за што точно станува збор или како функционира технологијата. Она што е познато е дека за уредот нема да бидат потребни никави очила. Телефонот ќе доаѓа и со технологија за мулти-димензионално аудио, јави Verge.

Телефонот ќе биде модуларен. Секако, со оглед на тоа дека станува збор за произодител на камери, најголем дел од додатоците ќе се однесуваат на фотографирањето. Вистинското прашање е колку холографскиот екран ќе ги заинтересира корисниците. Без оваа функционалност се чини делка Hydrogen One ќе биде само уште еден прескап паметен телефон.

Телефонот пристига во 2018 година. Цената започнува од 1.200, па се до 1,600 долари. За жал компанијата најавува дека цената можеби ќе се промени, а и модулите на телефонот нема да бидат достапни на почеток.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk