4 коментари 2 мин. читање

Шпионски софтвер кој се маскира како Firefox е забележан во Македонија

Истражувачи од Citizen Group, проект поддржан од Универзитетот на Торонто со кој се истражува технологијата и човековото право, открија дека софтверот за набљудување FinFisher се маскира како Firefox, а FinFisher Command & Control серверите се забележани во неколку нови земји меѓу кои и Македонија, пишува Mozilla.mk. Софтверот е на британската компанија Gamma International против која Mozilla веднаш поднесе барање да престане со злоупотребата на нивниот продукт.

Истражувачите велат дека софтверот на Gamma се користи од владини агенции за да мониторираат и добијат контрола врз компјутерите на активисти. Последните такви активности биле забележани во Бахраин и Етиопија, а според новиот извештај FinFisher Command & Control сервери се забележани уште во 11 нови земји (од вкупно 39): Унгарија, Турција, Романија, Панама, Литванија, Македонија, Јужна Африка, Пакистан, Бугарија, Австрија и Нигерија.

„Тоа што е интересно е што гледаме специфичен пример на нешто што личи на малициозен софтвер, функционира како малициозен софтвер, но се продава од комерцијална компанија. Тука и станува интересно, бидејќи можете да побарате од нив да престанат со таа пракса.“, вели Морган Маркис-Боир, безбедносен инжинер во Citizen Lab и Google, за Wired.

Според Mozilla, овој софтвер за набљудување не е поврзан со било кој нивен продукт, ниту со Firefox, на начинот на кој се инсталира на корисничките компјутери и мобилни телефони. Само брендот и логото на Mozilla е злоупотребено за да се скрие шпионскиот софтвер.

Подолу е слика за описот на FinFisher фајлот од Гамма спореден со оригиналниот опис на Firefox за Windows.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top