0 коментари 1 мин. читање

Пораки до вонземјаните

{mosimage}Уште еден проект да се „допре“ вселената со информатичката технологија. Стотитина фотографии, цртежи и текстуални пораки беа испратени до планета 20 светлосни години одалечена од Земјата. Дали ќе допре до вонземјаните? Ако се случи тоа тогаш како ќе реагираат вознемјаните на стотиците пораки пратени од корисниците на социјалната мрежа Bebo?

Сајтот одржа натпреварување A Message from Earth на кој што можеа да учествуваат 12 милиони корисници на оваа друштвена мрежа. Петстоте пораки кои се изберени и пратени во вселената се преведени во бинарен код и ќе патуваат 190 трилиони километри. Доколку има одговор ќе мора да се чека 40 години одговорот да стигне назад на Земјата. Инаку пораките се пратени од Украинската национална вселенска агенција со руска технологија од седумдесетите.

{mosimage}

А Мessage from Earth претставува можност за денешниве дигиталци … да се повржат со науката и поширокиот унивезум на едноставен и забавен начин – изјави Mark Charkin, преставникот на Bebo за BBC.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top