{mosimage}Додека акциите им тонат и ја доживуваат најниската вредност во последните пет години, најверојатно за да изградат доверба кај посетителите, Yahoo! активно и забрзано деновиве објавува нови алатки за своите корисници. Едни од поинтересните се Yahoo! Web Analytics и Yahoo! Calendar, и двете засега бета верзии.
Интернет гигантот најпрвин вчера го објави новиот веб-базиран календар со нови интерактивни можности како опција за зумирање во прегледите на денот, неделата или месецот и опција за влечење и директно префрлување на настани.
Други можности на популарниот Yahoo! Calendar се создавање на листа на работи кои треба да ги завршите, можност за е-маил, ИМ или СМС известувања, селектирање на слики од Flickr, компанија во сопственост на Yahoo! и слично.
{mosimage}
Само еден ден подоцна, од компанијата го најавија новиот веб сервис за аналитика на посетители и друга статистика за посетеност и движење на една веб страна, Yahoo! Web Analytics.
Идејата за проектот поттекнува од преземањето на компанијата IndexTools Од страна на гигантот. Овој проект директно ќе биде вклучен најпрвин во сајтовите на околу 13.000 е-комерц клиенти кои имаат свои сајтови хостирано на серверите на Yahoo!.
{mosimage}
И двата сервиси се слични и директно им конкурираат на Google Calendar и Google Analytics, кои практично ја извршуваат истата функција.
Пред недела дена од компанијата најавија и нов изглед на почетната страна на компанијата и ја започнаа маркетинг кампањата "Start Wearing Purple" (Започнете да носите лилаково) со која се обидуваат да ги натераат луѓето да носат лилаково, бојата на компанијата и која служи како промотивна кампања за новите промени на Yahoo!.