0 коментари 1 мин. читање

Помогнете и на е-спорт репрезентацијата на Македонија да отпатува во Џакарта

Македонската е-спорт федерација, по завршување на националните квалификации во CS:GO, League of Legends и Heartstone, ја одбра македонската е-спорт репрезентација за оваа година која сега се подготвува да отпатува на светското првенство во е-спорт во Џакарта.

Во земја каде што признаени спортски репрезентации и спортисти, како и талентирани ученици и студенти бараат помош за да отпатуваат и учествуваат на некој интернационален натпревар заради организираноста на системот, не треба да нѐ изненади фактот дека е-спорт репрезентацијата на Македонија ќе ја очекува истото сценарио.

Со цел да ги покријат трошоците за патување, е-спорт федерацијата организира кампања на LetsFundIt.mk за да собере 150.000 денари, буџет кој е предвиден да ги дополни трошоците за патување.

4f744d0e3b58ad21f9d64a705dd62844d76b4d03771c0eff58-pimgpsh_fullsize_distr

“На 06.10.2016 година нашата еСпорт репрезентација треба да замине во Џакарта, Индонезија и да учествува на светското првенство во еСпорт. Во недостиг на средства за набавка на авиобилети, започнавме кампања за јавно финансирање, преку мобилен и преку LetsFundit. Со мала донација од ваша страна ќе помогнете за развој на еСпортот во Македонија.” велат од МеСФ.

Доколку сакате да ја поддржите е-спорт репрезентацијата на Македонија:

  • донирајте на LetsFundIt тука,
  • остварете повик на 143444 од Телеком или Vip и донирајте
  • или пак, доколку не сте во можност да донирате,  споделете ја оваа вест

Им посакуваме успешна кампања и многу успех!

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top