Викендов се одржаа националните квалификации за Светското првенство во е-спорт, по што Македонија ја доби својата овогодинешна е-спорт репрезентација која ќе патува во Џакарта од 6-ти до 9-ти октомври.
Нашата е-спорт репрезентација е составена од тимот Dark Side во Counter Strike: GO, тимот EON во League of Legends и Никола Ивановски во Hearthstone.
„Интересен е и податокот дека најдобрите од Првата Paynet Национална Лига беа победници и на финалниот квалификациски турнир“, вели Бобан Тотовски, претседател на МеСФ. Тој додаде дека на натпреварот, во организација на Македонската е-Спорт Федерација, а со подршка од Seavus, учествуваа 80 учесници, а натпреварите во живо ги следеа повеќе од 4.000 гледачи преку твич каналот на МеСФ.
Никола Ивановски, победникот од првата лига во Hearthstone, беше победник и на финалниот турнир. Сосема заслужено, со 3:1 го совлада Андреј кој беше финалист на турнирот. Натпреварите во Counter Strike и во League of Legends беа неизвесни до крај.
Најдобрите македонски тимови, Dark Side и Entity во неизвесен меч во Охрид си ги одмерија силите, но искуството на Neno и Nightmare, двајцата најдобри македонски играчи, го одлучија победникот. Во League of Legends, EON против Mischevious, првата рунда навести дека ќе гледаме тежок натпревар. EON беа пред елиминација, но со одлична стратегија во самиот финиш, извојуваа победа. Во следните две рунди, EON не дозволија изненадување и најдобриот македонски тим ќе ја претставува Македонија на светското првенство.
Понатаму во официјалното соопштение испратено до медиумите, се наведува дека за овие квалификации имаше огромен интерес од страна на публиката и учесниците.
Во следниве 30 дена, Македонската е-Спорт репрезентација ќе има подготовки за учество на светското првенство во Џакарта, од 6-ти до 9-ти октовмри 2016 година, каде се очекуваат добри резултати со оглед на квалитетот на играчите.
Самото соопштение завршува со изјавата на г. Тотовски во која ги најавува преговорите со Агенцијата за Млади и Спорт за официјализирање на е-спортот како спорт, следејќи ги примерите на Русија, Кореа и Шведска.
„Нашата стратегија започна да се реализира со формирање на првата официјална македонска е-спорт лига. Во тек се преговори со Агенцијата за Млади и Спорт за признавање на е-спортот како спорт, следејќи ги примерите на Русија, Кореа, Шведска и останатите држави. Меѓу позначајните цели е идејата да се формира е-спорт академија, место каде ќе можат да тренираат нашите играчи и да се врши обука на следните генерации. Исто така, се подготвува и онлајн база, каде ќе бидат евидентирани сите гејмери во Македонија“, објаснува Тотовски.
Им посакуваме среќа и успех на е-спорт репрезентативците со следнава порака:
[…] е втора година по ред МеСФ да организира национална лига во еспорт. Годинава, учестуваа вкупно […]
[…] […]
[…] квалификации во CS:GO, League of Legends и Heartstone, ја одбра македонската е-спорт репрезентација за оваа година која сега се подготвува да отпатува на […]