Voin е игра која успешно комбинира RPG елементи со roguelite и екстракција

во гејминг

Voin е игра која неодамна излезе како дел од раниот пристап на Steam! И е абсолутно феноменална! Осмислена од само еден девелопер, Никита Сожидар, играта ги комбинира најдобрите механики од RPG и Roguelite игрите. Како резултат, навлегувате во маестрално дизајниран универзум полн со плен и предизвикувачки непријатели. Богатите можности за визуелно-импресивни пресметки и суптилниот мистериозен лор веќе допринесоа играта да има 94% позитивни рецензии!

Љубов на прв поглед

Имате два стилови на играње, за борби и за движење. Секој пат кога оружјето го држите, навлезени сте во борбениот стил, со што ќе можете да вршите лесни и тешки удари со мечот, како и да избегнувате напади на непријателите. Во моментот кога ќе го тргнете оружјето, навлегувате во вториот стил, кој се фокусира на пофлуидно движење и полесно истражување на околините. Имено, во тие ситуации кога не го држите оружјето, ќе можете да се телепортирате на значително подолги локации. Независно од стилот, никогаш не треба да се плашите од висини во Voin – секое паѓање од висина само предизвикува електрично оштетување на сите непријатели кои се во непосредна близина.

Враќајќи се на битките, Voin се одликува со систем кој е значително покомплексен од едноставни лесни и тешки уради. Имено, таканаречените рунски напади, ви дозволуваат секој стандарден напад да полни една руна. Кога сите ќе се наполнат, еден тежок удар исфрла дополнителна моќ, како електрично струење.

Покрај ова, ќе можете да користите и исклучително кул моќи. На почетокот можете да отклучите три, како можност да го фрлите вашето сечило и да покосите се што ќе се најде во неговиот концентричен круг. Или, пак, да повлечете од наелектризираната магија за да ги инстантно наполните сите ваши руни. Како за почеток ние одевме со третата моќ – скокање наназад, полнење на сечилото со наелектризирана магија и предно супер кул напаѓање со сечилото. Сите моќи се одлично реализирани и навистина даваат фантазиска димензија на целата игра, поставувајќи ве како супериорен воин кои може да се носи со сите борбени предизвици.

Помеѓу секој ран, ќе поминувате малку време во вашиот хаб. Тука, ќе можете да го прочистувате секој корумпиран плен што сте го собрале низ претходниот ран. Освен ова, ќе можете и да го надградувате вашиот лик, како и да ги излечите сите ваши повреди. Штом завршите со тоа, ќе можете да одлучите каков отворен свет сакате да истражувате. До овој хаб можете и да дојдете така што ќе погледнете во небото и ќе повикате портал.

Многу работи во Voin не потсетуваат на Skyrim. Далеку од тоа дека ова е бледа копија на Skyrim; од многу аспекти Voin е како еден вид уникатна преработка на Skyrim. Со roguelite механиките, играта нуди прекрасни, непредвидливи и воодушевувачки места за истражување, како и впечатлив систем за битки. Ова е двојно поимпресивно кога ќе земете во предвид дека на играта работи само еден девелопер.

Voin е една од ретките игри во 2024 година која нѐ има максимално импресионирано. Играта сеуште е во раниот пристап на Steam, но елементите на RPG, roguelite и екстракција се толку добро реализирани да веќе се игра подобро од некои ААА игри. Играта веќе се одликува со два огромни света за истражување, броен плен за собирање, различни стандардни непријатели и еден прекрасно дизајниран и крајно импресивен бос. Моментно, авторот работи на проширување со нови мапи, нови непријатели и босови, како и нови начини за импресивно елиминирање.

Доколку сакате да се изгубите во преубаво осмислени светови каде се крие мистериозен плен зад секој агол, Voin е запрепастувачки квалитетна игра, маестрално надополнета со впечатливи музички траки и звучни ефекти. Дали по пет, дали по десет часа, уникатната комбинација од механики ви дозволува секогаш свежи и забавни ранови полни со непредвидливи изненадувања. Едвај чекаме да видиме како играта ќе се развива во иднината!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Nikita Sozidar
  • Издава: tinyBuild
  • Жанр: RPG/ roguelite
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 10 декември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk