Поминете го викендот во GTA Словачка со Vivat Slovakia или пак во земјата на кодирањето со Glitch Hero

во гејминг

Викендот полека си тече, а доколку не сте фанови на VR предлозите за игри од пред еден ден, тогаш би можеле да ја проверите некоја од следниве игри:

Предлог игра #1: Vivat Slovakia

Сите оние кои се фанови на GTA игрите, би можеле да, па, да не се премногу залетуваат со Vivat Slovakia. Иако се работи за игра која многу ветува, сметаме дека играта е во исклучително груба и незавршена состојба. Со оглед на тоа дека давате 23 евра, потребно е да бидете свесни дека играта не е ни пријди ни дојди до завршена: има многу визуелени и механички грешки и недостасуваат огромен број аудио звуци и музика.

Згора на ова, играта сеуште не е добро оптимизирана. Но, она што го има, сосема е ок и, со времето, искрено се надеваме дека играта ќе може да понуди забавно искуство. Причината поради која ја препорачуваме сега е само доколку сакате активно да бидете вклучени во развојот на играта. Team Vivat се ново студио, но делуваат посебно посветени на играта.

Како и да е, во Vivat Slovakia играте во отворен свет. Приказната е сместена во деведесетите години на минатиот век, во Словачка. Дел од настаните се инспирирани од вистински случки, но, во сржтта, ова е игра полна со адреналинска акција. Светот се простира низ 10 km² веродостојно пресликана територија, дозволувајќи ви да возите над 50 автентични возила.

Секое од возилото се вози на суптилно поразличен начин, пружајќи автентични услови за истражување на улиците. Имате на располагање и најразлични оружја кои допринесуваат до бројни хаотични пресметки. Но, повторно мораме да потенцираме дека многу работи фалат за да може и барем малку да се ужива во играта како што треба. Не ни се ни допаѓа тоа што играта користи вештачка интелигенција за менување на гласовите и генерирање музика за потребите на радио станиците.

Во случај да ви се допаѓа идејата за GTA во Словачка и сакате внимателно да го следите развојот на играта, тогаш дефинитивно би можеле да ја проверите Vivat Slovakia Само имајте во предвид дека се работи за неинсполиран скапоцен камен.

Предлог игра #2: Glitch Hero

Како втора, значително поисполирана игра, би сакале да ви препорачаме да навлезете во светот на кодирање со чедото на Didactoons.

Glitch Hero ви дозволува да играте со младата Ејда, и да користите виртуелен, но искучително силен hammer.exe како би можеле да го дебагирате расипаниот виртуелен свет. Во процесот на исправување на оваа фатална грешка, ќе научите и неколку интересни, но основни концепти поврзани со кодирањето.

Забавата во Glitch Herp произлегува од вашата способност да можете да размислувате логички и брзо да реагирате. Користење на овие способности е задолжително доколку сакате да ги уништите непријателите и да решите бројни логички загатки поврзани со кодирањето.

Секој од непријателите се одликува со уникатни способности. Загатките, од друга страна, не се баш лесни и често ќе знаат да ве замислат и да ве принудат да дојдете до решението преку серија од неуспешно експериментирање. За полесно напредување и справување и со непријателите и со загатките, имате можност за надградување на петте вештини. А, дали споменавме и дека имате босеви?

Што и да работите во Glitch Hero, особено ќе ви се допадне визуелниот дизајн. Трите шаренолики светови црпат голема инспирација од професијата поврзана за кодирање. Играта топло се препорачува и за помладата публика затоа што загатките навистина помагаат за развивање на логиката.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments