0 коментари 2 мин. читање

Поминете го викендот со автентична симулација во воен брод или пак во колосеум

Вчера, нашиот поглед беше фокусиран на две игри кои би можеле да ги игрaме во иднината. Денеска, би сакале да ви препорачаме две игри кои не би можеле да бидат поразлични една од друга, а се спремни за играње веднаш!

Destroyer: The U-Boat Hunter

Destroyer: The U-Boat Hunter е замислена како автентична и историски точна симулација која обработува воени сценарија поврзани со подморници.

Развојното студио Iron Wolf Studio S.A. се има погрижено верно да прикаже поморски битки од Втората Светска Војна. Благодарение на процедурално генерирање бројни параметри, во играта ќе наидете на неброени борбени сценарија со различни временски услови и офанзивни планови.

Контролирајќи го воениот број кој е замислен за ефикасна елиминација на подморници – Fletcher-class destroyer, ќе се движите низ пет верно рекреирани локации и ќе користите автентични инструменти и офанзивни процедури полни со непредвидливи исходи.

Destroyer: The U-Boat Hunter првично беше во раниот пристап на Steam. Сега, играта има 77% позитивни рецензии

Gladiator’s Arena

Во случај да не сте по реалистични симулации и сакате да се ориентирате на безумна акција, ви препорачуваме да го проверите чедото на Afil Games. Gladiator’s Arena е roguelite „шутер“ во кој користите седум средновековни оружја и бројни способности.

Создавајќи уникатни, но привремени билдови, ќе навлегувате во дваесетминутни ранови и ќе се залагате за што е можно поефикасно справување со бројните непријатели. Gladiator’s Arena е крајно едноставна игра и ви препорачуваме да ја проверите во моменти кога сакате да се опуштите со едноставен наслов.

Играта чини 200 денари на Steam и е од неодамна достапна и на конзолите.
Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top